ФА Куп: Тен Хаг ќе ја спасува клупата, Клоп продолжува во битка на четири фронта

361

Денешното големо дерби меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул во четвртфиналето на ФА Купот ќе биде и натпревар кој може да ја дефинира иднината на Ерик Тен Хаг кај „црвените ѓаволи“. Тимот кој е надвор од Европа и заостанува 17 бода зад лидерот Арсенал до сега издржа разочарувачка сезона, па ФА Купот е нивната последна реална шанса да освојат трофеј и да ги смират страстите кај армијата навивачи.

„Црвените ѓаволи“ веќе ги победија Виган, Њупорт и Нотингем Форест за да стигнат до оваа фаза од натпреварувањето, но се соочени со најголемиот предизвик досега, доаѓањето на Ливерпул. Тимот на Јирген Клоп загуби само еден од последните 21 натпревар во сите натпреварувања и ја продолжува историската битка на четири фронта.

Касемиро е најновиот проблем за Тен Хаг, откако поради повреда беше исклучен од селекцијата на Бразил за претстојните мечеви. Тоа значи дека тој ќе го пропушти денешниот дуел со Ливерпул. Позитивна вест е враќањето на триото Расмус Хојлунд, Хари Мегваер и Арон Ван-Бисака.

Кај гостите, Клоп потврди дека на „Олд Трафорд“ доаѓаат без осум клучни играчи, иако имаше позитивни вести со враќањето на Кертис Џонс, Трент Александер-Арнолд, Диого Жота и Стефан Бајчетиќ на тренинг, но тие би биле достапни во тимот дури по репрезентативната пауза.

Денеска Клоп сигурно нема да смета на Ибрахима Конате, Жоел Матип, Алисон Бекер, Диого Жота, Трент Александар-Арнолд, Стефан Бајчетиќ, Кертис Џонс, Тиаго Алкантара и Бен Доак.

Денешниот дуел ќе биде шестиот меѓусебен за Тен Хаг и Клоп. Германецот има 3 победи во меѓусебните дуели и само еден пораз. Еден меч заврши нерешено. Ова ќе биде 106. меч кој Манчестер Ј.и Ливерпул ќе го одиграат на „Олд Трафорд“. Статистиката е на страна на домашните кои имаат 52 победи, 33 ремија и само 20 порази во пресметките со „црвените“ на својот стадион.

ПретходноЛина поразена во финалето на турнирот на Кипар
СледноКовач е минато: Волфсбург му врачи отказ на хрватскиот стратег