Младата ѕвезда на Челзи, Кол Палмер, ќе добие големо зголемување на платата и нов договор, пишува „Дејли Стар“. Англискиот репрезентативец им се приклучи на „сините“ минатото лето со седумгодишен договор вреден 75.000 фунти неделно од Манчестер Сити.
Поради неговите одлични настапи, раководството на лондончани е подготвено да го награди Палмер со значително подобрен договор. Се очекува 21-годишниот офанзивен играч за врска од следната сезона да заработува речиси 150.000 неделно.
Палмер се надева дека ќе му помогне на Челзи да го совлада Лестер Сити во четвртфиналето на ФА Купот за да ги одржи надежите за трофеј на неговата екипа оваа сезона.