Саудиски Ал Итихад не успеа да го убеди Мохамед Салах да му се приклучи на тимот, но сега се насочува кон уште една ѕвезда од Премиер лигата. Станува збор за напаѓачот на Тотенхем, Ришарлисон.
Медиумите на Островот пишуваат дека клубот од Саудиска Арабија е подготвен да понуди околу 100 милиони евра за фудбалерот кој е обврзан со договор со лондонскиот клуб до 2027 година.
Ришарлисон моментално вреди 40 милиони евра. Прашање е дали Бразилецот сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија во своите најдобри фудбалски години.