Англичаните го промовираа дресот за ЕУРО 2024!

122

Започна одбројувањето до стартот на ЕУРО 2024, а тоа е 14 јуни. Што се однесува до репрезентацијата која важи за една од најсилните, ако не и најсилна и прв кандидат за тронот, тоа е селекцијата на Англија, тамошната федерација го објави дресот или дресовите, со кои Кејн, Сака, Фоден и останатите мега -ѕвезди ќе атакуваат на златото во Германија.

Се разбира дека првиот дрес е бел, со некои мали промени во дизајнот, додека резерврниот е во темна боја. Голманските се портокалови и зелени.

Инаку Англија е во група со Србија, Словенија и Данска.

ФОТО: X.com

ПретходноПознати се шеширите пред ждрепката за ОИ во Париз! Балканот со две репрезентации
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горазд Михаилов (Вардар)