Селекторот Благоја Милевски попладнево ги собра нашите репрезентативците на тренинг комплексот во Анталија и започна со првите тренинзи во пресрет на првиот од двата контролни меча против селекцијата на Молдавија во петок.
Репрезентацијата полека се комплетира и во наредните денови ќе се фокусира на барањата на селекторот за настапот на претстојните два меча. Вториот дуел со Црна Гора е закажан в понеделник.