Откако вчера се одиграа и двата последни четвртфинални средби во ФА Купот, кои беа и тоа како драматични, посебно онаа меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул која заврши 4:3 по продолженијата, претходно Челзи славеше над Лестер со 4:2, се одржа ждрепката за полуфиналните мечеви кои се играат на 20 и на 21 април на “Вембли“ во Лондон.
Истата сакаше да се паднат Ковентри – Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити – Челзи.
Јасно е кој е фаворит на овие два меча, сепак ова е ФА Купот и се е можно, но реално е да се каже дека е на повидок мега – пресметка во големото финале меѓу градските ривали Јунајтед и Сити.