Филип Димовски „растури“ и на Копаоник, Никола Буклески го следи во чекор

281

Македонија дефинитивно има иднина во еден од спортовите кои во моментов реално и не сме премногу етаблирани. Скијањето кај нас има традиција, историја, но очигледно и перспектива, затоа што младите У14 натпреварувачи Филип Димовски и Никола Буклески, од Копаоник изминатиот викенд ни донесоа медали во слалом односно велеслалом.

Димовски со време од 1:00:48, ја заврши трката во велеслалом, оставајќи зад себе се што нешто значи на Балканот во У14 конкуренцијата. Никола Буклески заврши како трет.

Само 24 часа подоцна идентична ситуација во слаломот. Димовски најдобар со време од 1:31:21, додека Буклески повторно на третото место.

За Филип Димовски ова е петти пиедестал сезонава што значи дека сериозно конкурира за топ млад скијач на Балканот во моментов.

ПретходноНационалите истрчаа на тренинг комплексот во Анталија (ФОТО)
СледноОФИЦИЈАЛНО: Тудор седна на клупата на Лацио