АБА 2: Денеска стартува последниот “балон“, Пелистер против Борац, утре се среќаваат МЗТ Скопје и ТФТ!

126

Денеска во Широки (БИХ),стартува последниот “балон“ од годинашната сезона во АБА 2. Познато е дека Македонија сезонава има три екипи. Па така денеска од 15 часот Пелистер игра против Борац Бања Лука, а утре во 21 часот во рамките на 11 коло силите ќе ги одмерат МЗТ Скопје и ТФТ.

Претстојните денови ќе се одиграат последните три кола по што ќе се знае и конечниот изглед на табелата во пресрет на плеј-офот за влез во елитната лига во ова регионално кошаркарско натпреварување.

Битолчани се на 9. место во пресрет на одигрување на завршницата и со право бараат влез меѓу оние осум екипи кои ќе се борат во плеј – офот. Покрај дуелот со Борац, Пелистер ќе игра и против Подгорица и Спартак.

Шампионот МЗТ Скопје пак си има свои цели. По 11 коло се наоѓа на 5.место но само со една победа помалку од лидерот Златибор.

Металците“ покрај утрешниот дуел со ТФТ ќе се сретнат и со Златибор и Широки.

ТФТ е на претпоследното место на табелата со само две победи. Покрај мечот со МЗТ Скопје, тимот на ТФТ ќе треба да игра и со екипите на Војводина и Шибенка.

ПретходноЧави по блескавиот триумф во Мадрид: Барса го одигра можеби најдобриот натпревар сезонава!
СледноФА Куп: Познати се полуфиналните двојки, на повидок е мега – пресметка во финалето меѓу Сити и Јунајтед!