Карлос Алкараз е победникот на престижниот Индијан Велс. Младиот шпански тенисер синоќа во финалето успеа со 2:0 во сетови и 7:6 и 6:1 во гемови, да го победи Данил Медведев и со тоа да освои уште една титула во својата кариера.
Самиот меч траеше нешто помалку од два часа, а битката се водеше само во првиот сет кога Шпанецот во тајбрејк со 7:5 беше поуспешен. Во вториот сет просто го растури Медведев со 6:1 и тоа беше тоа од ова големо финале, поточно требаше да биде големо финале.
Ова за Карлито беше втор освоен Индијан Велс, интересно, тој е првиот тенисер во историјата кој го освоил двапати по ред овој турнир пред да наполни 21 година по Борис Бекер.
Carlos Alcaraz’ reaction after winning his 2nd Indian Wells title.
He puts his arms in the air.
He screams ‘Vamos’ into the stadium.
Chills. 🥹
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) March 17, 2024