Репрезентацијата на Италија во март ќе игра пријателски натпревари против Венецуела и Еквадор и тоа во Соединетите Американски Држави, а во тимот ќе го нема Франческо Ачерби. Причините се обвинувањата за расизам. За време на неделното дерби меѓу Интер и Наполи, фудбалерот на тимот од Неапол, Жуан Жесус го пријавил стоперот на Интер за расизам.
Ачерби мораше да го напушти кампот на Италија, а селекторот Роберто Манчини на негово место го повика дефанзивецот на Рома, Џанлука Манчини.
„Ачерби пристигна во кампот во Рим, му ја објасни ситуацијата на селекторот, а заради мир во репрезентацијата пред патувањето во САД одлучено е тој да ги прескокне овие пријателски натпревари“, соопштија од ФИГЦ.