Бојку успешно опериран и ќе паузира најмалку шест месеци

3474

Еден од најдобрите играчи на Струга ТЛ, Бесмир Бојху е успешно опериран во болницата „8 Септември“ во Скопје, по тешката повреда на мечот со Работнички. Тој во финишот на мечот заработил скршеница на десната нога поради која мораше да се оперира.

Од клубот информираат дека лекувањето на Бојку ќе трае од шест до девет месеци, а тоа значи дека за Бојку тековната сезона е завршена, а ќе го пропушти и стартот на идната. Утринава на посета на фудбалерот беше претседателот Менди Ќира.

ПретходноФОТО НА КОЛОТО: За најтрофејниот се навива и преку ограда!
СледноРепрезентативците се „чекираа“ во Анталија за дуелите со Молдавија и Црна Гора