Антоан Гризман нема да биде дел од репрезентацијата на Франција на претстојните пријателски мечеви со Германија и Чиле.
Напаѓачот на Атлетико Мадрид ќе ги пропушти натпреварите поради повреда на скочниот зглоб, објавија француските медиуми. Наместо него, во составот на Дидие Дешамп ќе биде повикан Матео Гендузи од Лацио.
Гризман со ова прекинува една неверојатна серија од 84 натпревари на кои беше дел од селекцијата на Франција. Тоа значи дека фудбалерот на Атлетико од јуни 2017 година, досега, беше на секој од натпреварите на својата земја.