Познати се шеширите пред ждрепката за ОИ во Париз! Балканот со две репрезентации

273

Откако синоќа и дефинитивно беа познати сите 12 репрезентации за Олимпискиот турнир во ракомет, сега познати се и шеширите пред ждрепката која ќе се одржи на 16 април.

Од 12 селекции дури 9 се од Европа, две од Балканот и тоа Хрватска и Словенија, потоа по еден претставник од Африка, Ј. Америка и Азија.

Ќе се игра во две групи со по 6 селекции а првите четири селекции од двете групи ќе се пласираат во 1/4 финалето.

ШЕШИР-1: Данска/Шпанија

ШЕШИР-2: Хрватска/Норвешка

ШЕШИР-3: Унгарија/Германија

ШЕШИР-4: Словенија/Франција

ШЕШИР-5: Шведска/Египет

ШЕШИР-6: Аргентина/Јапонија

ПретходноФА Куп: Познати се полуфиналните двојки, на повидок е мега – пресметка во финалето меѓу Сити и Јунајтед!
СледноАнгличаните го промовираа дресот за ЕУРО 2024!