Премиерлигата ќе му одземе 4 бода на Нотингем поради финансиски прекршувања

63

Нотингем Форест ќе биде казнет со одземање на 4 бода од премиерлигашкото конто, поради прекршување на финансиските правила, пренесува „Гардијан“. Според правилата, на клубовите им е дозволено да загубат не повеќе од 105 милиони фунти во текот на три сезони. Во случајот на Нотингем, дозволените загуби беа ограничени на 61 милион фунти, бидејќи клубот помина две од трите сезони во Чемпионшип.

Извештајниот период истече на 30 јуни. Се очекува лигата денеска и официјално да го објави одземањето на бодовите од контото на Нотингем. Клубот уште претходно најави дека ќе се жали на ваква одлука, откако го призна прекршувањето, но одбраната на клубот се потпираше на олеснителни околности поврзани со продажбата на Бренан Џонсон.

Откако ќе загуби 4 бода, Нотингем ќе падне во зоната за испаѓање во Премиер лигата на 18-то место.

ПретходноТренерот на Фрајбург по 29 години го напушта клубот
СледноМладите фудбалери почнаа со подготовките за Гибралтар и Шведска (ФОТО)