Сан Антонио успеа во продолженија да слави над Бруклин со 122:115, а во преден план беше фантастичниот Виктор Вембањама. Младиот центар успеа да забележи фантастичен скор и тоа 33 поени, 15 скокови, 7 асистенции и 7 блокади. Вакво нешто му успеало само на уште еден руки пред пред него и тоа на славниот Дејвид Робинсон во седоната 1989/90.
А тоа е во премиерната сезона да имаш на еден меч 30+ поени, 15+ скокови и по 5+ блокади и асистенции.
Инаку ова за Вембањама е 36-ти дабл – дабл во 60-тиот меч во НБА во неговата кариера.
На останатите мечеви од синоќа во НБА се постигнаа следните резултати:
ЛА Клиперс – Аталанта 93:110, Вашингтон – Бостон 104:130, Орландо – Торонто 111:96, Далас – Денвер 107:105, Детроит – Мајами 101:104, Милвоки – Феникс 140:129.