ТИМ И ИГРАЧ НА 24.КОЛО: Лесно му е на шампионот кога го има Радески

403

Да, и дефинитивно лесно му е на шампионот, на тимот на Струга ТЛ кога во своите редови го има еден Марјан Радески. Кога е најпотребно тој знае да блесне, кога е најпотребно знае да постигне гол и тоа каков, и да ја “извлече“ Струга ТЛ.

Така беше вчера на гостувањето кај Работнички, во меч во кој Стрига ТЛ успеа да освои големи три бода. Покрај Радески во тимот на колоти според „СпортСпорт“ се и Ќосевски, Влајковиќ и Бојку. Овој последниот во финишот на мечот потешко се повреди и беше префрлен во болница.

Во тимот на колото се и Ѓуриќ и Лемос од Вардар, Игњатов и Каланоски од Силекс, потоа Велкоски од Македонија ЃП, Илиески од Воска и Лвалива од Брегалница.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

МАРЈАН РАДЕСКИ

Тим: Струга ТЛ

Роден: 10.02.1995 во Прилеп

Кариера: 11 Октомври, Металург, Шкендија, Брера, Шкупи, Пјуник (ЕРМ), Струга ТЛ

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горазд Михаилов (Вардар)
СледноТајсон Фјури: Имав се*с со повеќе од 500 жени!