ФА Куп: Познати се полуфиналните двојки, на повидок е мега – пресметка во финалето меѓу Сити и Јунајтед!

239

Откако вчера се одиграа и двата последни четвртфинални средби во ФА Купот, кои беа и тоа како драматични, посебно онаа меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул која заврши 4:3 по продолженијата, претходно Челзи славеше над Лестер со 4:2, се одржа ждрепката за полуфиналните мечеви кои се играат на 20 и на 21 април на “Вембли“ во Лондон.

Истата сакаше да се паднат Ковентри – Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити – Челзи.

Јасно е кој е фаворит на овие два меча, сепак ова е ФА Купот и се е можно, но реално е да се каже дека е на повидок мега – пресметка во големото финале меѓу градските ривали Јунајтед и Сити.

ПретходноАБА 2: Денеска стартува последниот “балон“, Пелистер против Борац, утре се среќаваат МЗТ Скопје и ТФТ!
СледноПознати се шеширите пред ждрепката за ОИ во Париз! Балканот со две репрезентации