Чави по блескавиот триумф во Мадрид: Барса го одигра можеби најдобриот натпревар сезонава!

442

Ретко кој очекуваше дека во големото дерби во Ла Лига, одиграно на “Ванда Метрополитано“ во Мадрид, Барселона со 0:3 просто ќе го декласира силниот Атлетико Мадрид. Тим кој што само пред неколку дена на истиот стадион го елиминираше Интер во ЛШ.

Секако дека стратегот на каталонскиот гигант беше задоволен од тоа што неговите момци покажаа, иако тој поради црвен картон мораше предвреме да ја напушти клупата:

Сега тоа е најмалку важно, поважна е победата на тимот. Јас не реков ништо, но да видиме што пишува во протоколот околу тоа. Оваа средба беше слична како онаа со Наполи пред неколку дена. Според мене ова можеби беше најдобриот натпревар на Барселона сезонава. Сепак ние сме Барселона и не смееме да си дозволиме после едно вакво издание да се опуштиме“ рече покрај другото стратегот на Барселона.

ПретходноСАНДЕ ЛАЛЕВСКИ ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 17.274.560 ДЕНАРИ
СледноАБА 2: Денеска стартува последниот “балон“, Пелистер против Борац, утре се среќаваат МЗТ Скопје и ТФТ!