ОФИЦИЈАЛНО: Тудор седна на клупата на Лацио

155

Хрватскиот фудбалски стручњак Игор Тудор е новиот тренер на Лацио, потврди италијанскиот клуб. Тој на клупата на Лацио го замени Маурицио Сари, кој минатата недела ја напушти клупата поради лошите резултати. Тудор потпиша договор на година и пол.

Лацио моментално е на деветтото место во Серија А и заостанува два бода зад бранителот на титулата Наполи, кој ја зазема седмата позиција која води во Европа.

Во текот на својата тренерска кариера, Тудор ги водеше ПАОК, Галатасарај, Удинезе, Верона, Хајдук и Олимпик Марсеј.

ПретходноФилип Димовски „растури“ и на Копаоник, Никола Буклески го следи во чекор
СледноТренерот на Сеул со критики за Лингард: Како игра, нема право да се нарекува фудбалер…