Тренерот на Сеул со критики за Лингард: Како игра, нема право да се нарекува фудбалер…

285

Англискиот напаѓач Џеси Лингард изненади со трансферот во јужнокорејскиот ФК Сеул. Во 1 коло од К лигата тој влезе во игра во 77 минута, во 2 коло играше од 31 минута, а во саботата играше од 58 минута. А поради своите настапи доби критики од својот тренер Ги Донг Ким.
Не е доволно да си славен. Со тоа не се добиваат натпреварите. Лингард играше само половина час, но воопшто не работеше на теренот и бегаше од дуели. Ако трчате помалку од колегите кои се на теренот 90 минути, тогаш немате право да се нарекувате фудбалер. Ако славата носеше победи тогаш ќе ангажиравме успешни пензионирани фудбалери“, изјави тренерот на Сеул.
Лингард претходно играше за Манчестер Јунајтед, беше и во Вест Хем и во Нотингем форест дури и 32 настапи за Англија.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Тудор седна на клупата на Лацио
СледноРаботнички го доби дербито со Наковски В. и се избори за третото место на табелата