Само што заврши првиот ИТФ турнир во Ларнака на кој нашата Лина Ѓорческа загуби во финалето, денеска почна вториот турнир во овој кипарски град.
А во 1/16 финалето нашата најдобра тенисерка успеа да слави со 2:1 во сетови против Буриљо од Шпанија и тоа откако го загуби првиот сет со 5:7 во гемови. Затоа во вториот и третиот беше поуспешна со 6:4 и 6:2 и на крај успеа да се пласира во 1/8 финалето.