Перез преговара со играчот кој е срцето и душата на Баерн, Баварците ќе добијат 80 милиони!

4563

Флорентино Перез создава нов состав. Темелите се далеку и секое наредно засилување е како шлаг на тортата. Килијан Мбапе е практично обезбеден, а денес доаѓаат можеби изненадувачки вести од Германија.

Џошуа Кимих, одличниот играч за врска кој важи за срцето и душата на Баерн Минхен, би можел да биде следното големо засилување за Реал Мадрид.

Последните недели се појавија нови вести дека Кимих повеќе не се смета за недопирлив во Баерн, а според пишувањата на германските медиуми, тој став не е променет.

Доколку Баерн добие атрактивна понуда на лето, со големо задоволство ќе ја прифати, а според гласините во медиумите, Баварците планираат да го продадат својот привремен капитен за сума меѓу 80 и 90 милиони евра.

Според извештајот, 29-годишниот фудбалер не е 100 отсто задоволен од својата ситуација во најуспешниот германски клуб, а Баерн веќе има големи надежи во Александар Павловиќ како следен предводник на средниот ред.

Во моментов само неколку клубови размислуваат за Кимих како Ливерпул, Арсенал и Манчестер Сити и Барселона, но предноста ја има Реал Мадрид.

„Кралевите“ во последните години станаа омилени дестинации за повеќето фудбалери, а Кимих не ја исклучува можноста да ги следи Тони Крос и Алаба.

Интересно е што германскиот репрезентативец нема менаџер и што тој лично го договара својот договор. Тој е врзан за Баерн до летото 2025 година.

Во случај на потпис за Реал Мадрид, неговото доаѓање би им дало поголема димензија на средниот ред на кралевите, бидејќи конкуренцијата во тој дел од тимот е веќе пеколна.

ПретходноСексот во Олимпиското село повеќе не е забранет, биле обезбедени 300 илјади кондоми
СледноНБА го доби најбруталното забивање: Се повреди себе си, но и противникот (ВИДЕО)