Јакимовски: Ова се натпревари вредни да се бориме

563

Македонската репрезентација до 19 години ги започнува натпреварите од Елитната фаза квалификации за пласман на Европско првенство. На 20 март играме со Украина, три дена подоцна со Швајцарија и на 26 март со Летонија. Сите натпревари се на спортскиот центар „Петар Милошевски“ во Скопје.
Спремни сме да одговориме на предизвикот, но понекогаш се појавуваат проблеми со повредени играчи, па така не можам да сметам на Елмас за овој турнир, не знам дали ќе можеме да сметаме и на Даниел Марковски и правиме се што можеме за тој да биде спремен за следниот меч со Швајцарија.
Мислам дека желбата и мотивацијата на играчите да напишат една историја повторно е тука, се ќе зависи од нас, иако групата на прв поглед е неатрактивна, меѓутоа е силна. Ние не потценуваме никого, знаеме што можеме и што сакаме. Се надевам на тимска игра и да дадеме се од себе. Мотивацијата е на високо ниво и ќе се претставиме на високо ниво“, изјави селекторот Тони Јакимовски.

Нема од што да се плашиме. Имаме јасна цел, направивме и анализа на противникот, знаеме со што располагаат и ги знаеме силните и слабите страни. Ние нема што да загубиме, примарната цел е остварена меѓутоа зошто да не го зграпчиме овој момент бидејќи се работи за нешто што е вредно да се бориме. Самото тоа што се во репрезентацијата и имаат можност да се промовираат преку овие натпревари е доволна мотивација за играчите. Се надевам дека тоа ќе помогне да дојдеме до она што го сакаме“, коментира Јакимовски.

ПретходноХумелс во пензија по завршување на сезоната!?
СледноМомчето на Сабаленка се самоубило?