Антони до Тен Хаг: Па, имаш ли ти памет? (ВИДЕО)

612

Изминатиот викенд се одигра антологоски меч меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерул во рамките на 1/4 финалето во ФА Купот. Победи Јунајтед со 4:3 на воодушевување на фановите на “Олд Трафорд“ и тоа по продолженијата. Еден од оние кои блеснаа во домашниот тим беше Бразилецорт Антони кој постигна убав гол за 2:2 по што го однесе мечот во дополнителните 2Х15 минути.

Сепак не било се така бајно во домашниот тим, посебно ако се погледне видеотот во кое убаво се гледа како Бразилецот му упатува посебна порака на тренерот Ерик Тен Хаг во која како да се вели:

Па, имаш ли ти памет?“

Ова се случува на паузата пред да почнат продолженијата, а тогаш Тен Хаг побарал од Антони да се повлече назад и да игра како бек.

За среќа, како што се гледа, Рашфорд веднаш го тргна Бразилецот да не дојде до поголем конфликт.

По се ова фановите на Јунајтед се гневни на Антони и покрај тоа што тој беше еден од најзаслужните што нивниот тим се најде во полуфиналето на ФА Купот.

ПретходноЖдрепка за ОИ: Спектакл во Париз! Јокиќ и Србија во група со Леброн, Кари, Дурент…
СледноЕлмас не сака да губи ни на текбол! (ФОТО)