Аргентина без Лионел Меси на двете „контроли“

55

Додека најдобрите европски репрезентации се подготвуваат за Европското првенство, јужноамериканците се подготвуваат за Копа Америка и во март ќе одиграат пријателски натпревари.

На 21 март Аргентина ќе игра против Ел Салвадор во Филаделфија, додека пет дена подоцна во Лос Анџелес за противник ќе ја има Костарика.

„Гаучосите“ се подготвуваат за Копа Америка која ќе се игра во јуни и јули 2024 година, но овие два натпревари ќе мора да ги одиграат без Лионел Меси.

Меси ќе ги пропушти овие два натпревари поради повреда на мускулот, но аргентинските медиуми пренесуваат дека во оваа земја настанала паника откако се дознало дека нема да игра.

Во неделата МЛС го објави списокот со играчи кои се повикани во своите репрезентации, а на него го нема Меси. Сепак, аргентинскиот фудбалски сојуз не излезе со соопштение на оваа тема.

Сепак, се се разјасни многу брзо и Лео Меси треба да биде со својата репрезентација на патот кон освојување на нов трофеј во јуни.

Поради мала повреда на тетивата на десната нога, Меси не настапи минатата среда на натпреварот од Купот на шампионите (Лига на шампиони во областа КОНКАКАФ), кој Интер Мајами го доби со 3:1 против Нешвил.

Интер со победата се пласираше во четвртфиналето на натпреварувањето, па не се почувствува многу отсуството на Лео Меси.

За пријателските натпревари против Ел Салвадор и Костарика, Аргентина ќе биде без Пауло Дибала од Рома, кој има мускулен проблем, но ќе може да смета на дефанзивецот Лисандро Мартинез, кој се опорави од повредата.

ПретходноПозната причината за смртта на момчето на Сабаленка
СледноМиовски: Доколку сакаме да бидеме на големо натпреварување треба да играме со силни репрезентации!