Баерн го посакува Тео Ернандез, ама Милан бара 100 милиони евра!

126

Повеќе од јасно е дека репрезентативецот на Франција и член на Милан, Тео Ернандез е еден од најдобрите леви бекови во светот. Во последните неколку денови во Германија се шпекулира дека Баерн има намера во јуни да ја ангажира ѕвездата на „росо-нерите“ и тоа како замена за Алфонсо Дејвис кој својата кариера ќе ја продолжи најверојатно во Реал Мадрид.

Сепак за да дојде до Тео клубот од Минхен ќе мора да издвои најмалку 100 милиони евра, тоа би бил рекорден трансфер за некој фудбалер од Серија А.

Претходно„Бомба“: Левандовски во јуни се сели во Атлетико Мадрид?!
СледноРекордната серија заврши: Седум години играше на секој натпревар на Франција