Вистинска “бомба“ попладнево лансираат медиумите во Шпанија. Имено се највува трансфер на Роберт Левандовски од Барселона во Атлетико Мадрид.
Се наведува дека и покрај тоа што Левандовски има договор со Барса до јуни 2026, сепак каталонците сакаат да се “ослободат“ од него бидејќи зема годишна бруто плата од 27 милиони евра, што е прегочел товар за буџетот на Барса.
Интересно, како прв заинтересиран клуб се јавил Атлетико Мадрид, кој бил силно заинтересиран за реализација на овој мега – трансфер.