Дубаи примен во АБА лигата, само Партизан бил против

439

Девет од 11 членови на структурата на АБА лигата биле за кошаркарскиот клуб Дубаи да биде нов член на регионалната кошаркарска лига. На седницата на АБА лигата, членовите на Будуќност не биле присутни, додека единствен против влегување на клуб од Обединетите Арапски Емирати во АБА бил Партизан, пушува „Моцарт спорт“.
Тоа значи дека Дубаи веќе од иднатасезона ќе биде член на АБА, а договорот е до сезоната 2026/27 со можност за продолжување на соработката.
Тоа значи дека лигата сега ќе биде проширена од 14 на 16 клубови.
Следно, Дубаи ќе чека и официјален статус во Евролигата. Се очекува за почеток тој да одигра прва сезона во Еврокупот, а потоа да стане член на најсилното клупско натпреварување на Стариот континент.
Медиумите од балканот пишуваа дека Дубаи за учество во АБА да плати милион и пол евра по сезона, но веројатно се работи и за повисока сума.

ПретходноМакедонска пресметка во АБА2 лига
СледноВецлар и Миркуловски ја продолжија соработката