Вечерва се одиграа шест натпревари од 30.коло во Евролигата. Секако дека најинтересно беше во “Штарк Арената“ во Белград каде Партизан успеа да дојде до супер важна победа и тоа над Басконија со 87:83. Сега пасманот во плеј-инот и тоа како е можен.
Во текот на целиот меч момците на Жељко Обрадовиќ беа подобри, имаа и постојано водство, но во последните минута – две почнаа да прават несфатливи грешки и тоа во серија. Тоа Басконија го искристи и на 18 секунди до крајот дојде само на – 2 поени.
Сепак Доужер на другата страна беше сигурен и со два поени успеа да му донесе победа на својот тим за конечни 87:83 и за еуфорија меѓу фановите на “црно – белите“.
На останатите мечеви Анадолу Ефес со 85:72 славеше против Олимпијакос. Жалгирис исто така како домаќин го убедливо го победи Виртус со 96:81. Реал Мадрид на гостувањето кај Алба успеа да слави со 79:86, а Макаби со 98:90 дојде до победата над Асвел.