Капитенот на Јунајтед сака да се укине едно фудбалско правило

322

Бруно Фернандеш, играчот од средниот ред на португалската репрезентација и капитен на Манчестер Јунајтед, побара од одговорните за фудбалските правила да ја укинат санкцијата на играчите за соблекување дресови при прослава на гол. Тој се осврна на примерот на неговиот соиграч Амад Диало, кој го пропушта следниот натпревар поради соблекување на дресот.

Да потсетиме, Диало постигна гол против Ливерпул во 121. минута од четврт-финалето на ФА Купот за победа на Јунајтед од 4:3 и пласман во следната фаза од натпреварувањето. Прославата што следеше му донесе јавна опомена, поради што нема право да игра против Брентфорд.

„Таков момент треба да се слави, а постојното правило да се смени. Треба да може да се прослави гол, треба да се радувате во тој момент. Секако, со почит кон другите клубови“, изјави 29-годишниот играч од средниот ред.

ПретходноМатеј Ангелов: Посакуваме победа над Гибралтар и Шведска
СледноАлександар Кукриќ уште еднаш во Скопје, и овојпат во служба на македонската кошарка