Македонска пресметка во АБА2 лига

229

МЗТ Скопје и ТФТ вечерва (21 часот) ќе ги одмерат силите во меч од АБА2 лига. Актуелниот македонски првак влегува како фаворит во пресметката со тимот од Тафталиџе, не само поради котирањето на табелата во второлигашката јадранска конкуренција, туку и поради доминацијата во меѓусебните дуели.

ТФТ последен пат славел против МЗТ Скопје пред две години и еден месец во меч од Купот на Македонија.

Што се однесува до скорот во АБА2 лига. МЗТ Скопје е петти СП, со седум победи и три порази, додека ТФТ има две победи и осум порази, и се наоѓа на претпоследното место.

ПретходноЕлези: Не е важна само играта туку и резултатите од овие натпревари
СледноДубаи примен во АБА лигата, само Партизан бил против