МЗТ Скопје доминантно против ТФТ за второ место во АБА2-конкуренцијата!

220

МЗТ Скопје ја продолжи својата доминација во пресметките со ТФТ. Тимот од Аеродром овој пат славеше на македонското дерби во АБА2-лига, беше подобар со 69-95. За избраниците на Васко Атанасов ова беа важни бодови, со осмата победа оваа сезона се искачија на второто место на табелата.

Баковиќ со 22 поени беше прв стрелец кај победникот, зад него со 18 поени беше Делалиќ, додека пак Војдан Стојановски беше стрелец на 11 поени. На другата страна Вертц имаше 14 поени.

ТФТ водеше само на почетокот (3-2). МЗТ Скопје со серија од 11-0 дојде до двоцифрено водство од 3-13, нешто подоцна беше 12-26. Во втората четвртина, тимот од Тафталиџе се обидуваше да се врати, единствено што успеа да стори, е да дојде на минус 6 (27-33). Пред одморот МЗТ Скопје поведе со плус 15 (37-52).

Во третата четвртина стигна потврда за триумфот на МЗТ Скопје, дојде на плус 20 (41-61), предност која ја имаа пред стартот на последната четвртина (54-74). Делалиќ, кој беше расположен на оваа средба веднаш зголеми на 54-77, па на неговиот тим остана рутински да го приведе натпреварот во своја корист.

МЗТ Скопје следниот меч го игра против Златибор, додека пак ТФТ ќе ги одмери силите со Војводина.

ПретходноЕуфорија во “Штарк Арената“: Партизан со супер важна победа над Басконија!
СледноМурал во Истанбул за фудбалерот на Фенер кој тепаше навивач на Трабзон! (ФОТО)