Младата Атанасовска постави рекорд во македонското женско скијање

162

Големата македонска скијачка надеж, Јана Атанасовска (17), на слаломската трка во австрискиот ски центар Веинебене го освои фантастичното второ место со задоцнување од само 0,71 секунда зад првопласираната. Во исклучително силна конкуренција, младата скијачка успеа да забележи 37.29 ФИС точки и постави нов рекорд во македонското женско скијање.
Со овој резултат Атанасовска обезбеди норма за настап на Светскиот Куп сезона 2024/25.

ПретходноАлександар Кукриќ уште еднаш во Скопје, и овојпат во служба на македонската кошарка
СледноАлександар Андов е нов селектор на македонската женска репрезентација