Обрадовиќ ја “запали“ Арената: Фановите на Партизан скандирајќи побараа да потпише нов договор, а тој со еден потег ги фрли во транс! (ВИДЕО)

4951

Во тек е мечот од редовното коло во Евролигата меѓу Партизан и Басконија. Бурно беше пред истиот да започне. Имено фановите на Партизан скандирајќи побараа од Жељко Обрадовиќ да потпише нов договор со “црно – белите“, а тој направи потег со кој ја “запали“ Арената, ги фрли во транс фановите.

Ја зема таблата на која се цртаат акциите во тајмаутите, ја дигна да ја видат сите и стави потпис на неа.

Со овој негов потег тој симболично покажа дека ќе има нов договор и дека тој останува во Партизан најмалку и следната сезона.

 

ПретходноЕлмас не сака да губи ни на текбол! (ФОТО)
Следно„Бомба“: Левандовски во јуни се сели во Атлетико Мадрид?!