Позната причината за смртта на момчето на Сабаленка

685

Белорускиот хокеар Константин Колцов ненадејно почина на 43-годишна возраст додека ја придружуваше својата девојка, познатата тенисерка Арина Сабаленко на турнир во Мајами. Веста ја потврдија од хокеарскиот клуб Салават Јулајев, додека сега се појавија неофицијални информации за причината за смртта на познатиот белоруски спортист.

Според белоруските медиуми, се работи за пулмонална тромбоемболија. Поточно, „згрутчување на крвта“, при што на Колцов му се оштетиле органите и за жал немало начин да се спаси. Засега нема информации дали Колцов претходно имал здравствени проблеми, додека сите се во исчекување на објавата на тенисерката чиј живот за жал го одбележаа трагедии, бидејќи неодамна го загуби и својот татко.

Колцов двапати ја претставуваше Белорусија на Зимските олимписки игри, беше одличен хокеар, а потоа и тренер, а наводно не планирал да го продолжи договорот со клубот. Сабаленка и Колцов се забавуваа околу три години, а тој ја бодреше во Мелбурн, каде Белорусинката го освои Австралија Опен и му го посвети на нејзиниот покоен татко.

ПретходноЈувентус има три опции за замена на Алегри
СледноАргентина без Лионел Меси на двете „контроли“