Само што почна да тренира и се броеја деновите кога тој ќе се врати голот на “кралевите“, денеска доаѓаат ужасни вести од Реал Мадрид. Тибо Куртоа се здобил со нова тешка повреда, и тоа не на таа нога на која ги скина лигаментите по што беше долго време во “аут“, туку на другата нога. Првичните вести велат дека станува збор за повреда на менискусот и дека ќе мора на нова пауза од два месеци.
Ова значи дека за веројатно најдобриот голман во светот оваа сезона и дефинитивно заврши.
Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, Куртоа денеска со солзи го напуштил тренингот на Реал Мадрид.