„Четири од четири“ за Ристовска, ЦСКА победнички

130

Македонската репрезентативка, Сара Ристовски и нејзината ЦСКА запишаа важна победа. На домашен терен тимот од Москва славеше убедлив триумф против Кубан Краснодар од 38-25. Ова беше меч кој Ристовска и нејзините соиграчки го решија уште во првото полувреме, кое го добија со 19-13.

Македонската репрезентативка постигна четири гола од исто толку обиди, а на теренот мина 22 минути.

По овој меч, ЦСКА се наоѓа на второто место на табелата со 47 бода и меч повеќе од лидерот Ростов со кого игра следното коло.

ПретходноФлекс кредит додели наградно патување на припадничките на понежниот пол
СледноМатеј Ангелов: Посакуваме победа над Гибралтар и Шведска