Вецлар и Миркуловски ја продолжија соработката

447

Македонскиот тренер Филип Миркуловски и бундеслигашот Вецлар ја обновија соработката и тој ќе остане на клупата на овој клуб најмалку до јуни 2025 година. Вецлар објави на својата веб-страница.

Можете и самите да видите дека во Вецлар се чувствувам како дома по фактот дека сум во клубот речиси девет години. Соработката со Франк е одлична. Имаме јасни задолженије. Јас ќе бидам повеќе фокусиран на нападот. Се чувстувам многу комфорно во оваа улога и среќен сум што се поправивме малку по малку во нападот сезонава“, изјави Миркуловски.

Миркуловски во Македонија играше за Металург пред да замине во Хановер, а потоа во 2015 година се пресели во Вецлар. Во 2020 почна и тренерска кариера во Вецлар, каде што е асистент на тренерот, а два пати беше и прв односно в.д. тренер на тимот.

ПретходноДубаи примен во АБА лигата, само Партизан бил против
СледноХумелс во пензија по завршување на сезоната!?