Големата македонска скијачка надеж, Јана Атанасовска (17), на слаломската трка во австрискиот ски центар Веинебене го освои фантастичното второ место со задоцнување од само 0,71 секунда зад првопласираната. Во исклучително силна конкуренција, младата скијачка успеа да забележи 37.29 ФИС точки и постави нов рекорд во македонското женско скијање.
Со овој резултат Атанасовска обезбеди норма за настап на Светскиот Куп сезона 2024/25.