Момчето на Сабаленка се самоубило?

3345

Поранешниот НХЛ играч, Константин Каљцов кој е момче на тениската ѕвезда, Арина Сабаленка, го загуби животот на 42 години, а причините за неговата смрт во моментот предизвикуваат лавина од шпекулации.
Каљцов паднал од балкон, а полицијата во Мајами потврди дека добиле таква пријава. Првичната истрага наведува на тоа дека се работи за самоубиство, сепак, официјални детали ќе бидат соопштени после детална истрага за случајот.
„Според истрагата, во понеделникот на 18 март околу 12:39 часот полицијата и противпожарната спасувачка служба отишле кон болница за да го згрижат човекот кој скокнал од балкон. Не се пронајдени сомнителни околности“, стои во краткото соопштение од властите во државата Флорида.
Полицијата работи и на тоа да се откријат причините за ваквата постапка на Каљцов.

Инаку тој отпатувал во Мајами да присуствува на тениските турнири на својата девојка која во моментов е светски рекет број 2.

ПретходноЈакимовски: Ова се натпревари вредни да се бориме
СледноФиорентина потврди: Директорот Бароне почина во болница во Милано!