Навивачите згрозени од стапалата на Роналдо: Неговите прсти викаат за помош

1639

Кристијано Роналдо одигра 1001 натпревар во својата клупска кариера и од нив 205 за репрезентацијата (податоци од Трансфермаркт) и одработи безброј тренинзи во текот на повеќе од 20 години професионална кариера и уште десет години пробивање на помладите категории. Носењето копачки и шутирањето на топката секој ден остави трага на неговите нозе.

Тоа го забележаа неговите фанови на социјалните мрежи, каде португалскиот напаѓач Ан Наср објави фотографија од својот одмор. На неа, заедно со базенот во првиот и морето на вториот план, се гледаат неговите несовршени стапала.

„Веројатно секој ден се буди со луди болки“, „прстите на нозете му плачат за помош“, се само дел од коментарите на следбениците на Роналдо по објавената фотографија. Ова не е првпат во јавноста да се зборува за стапалата на Роналдо.

Претходно„Златната топка“ во Скопје – на гости ни доаѓа Андриј Шевченко
СледноЈувентус има три опции за замена на Алегри