Тренерот на Барселона, Чави Хернандез најави заминување од клупата на крајот од сезоната, но шпанските медиуми пишуваат дека може да дојде до пресврт во таа приказна. Легендата на клубот, кој како играч освои 25 трофеи со Барса, а како тренер минатата сезона ја предводеше до шампионската титула, може да остане на позицијата доколку се исполнат три услови.
Шпански спорт го наведува тоа сценарио и посочува кои се тие услови, потсетувајќи дека Чави делумно ја оставил отворена вратата за можноста да остане во клубот, исто како спортскиот директор Деко, иако активно бара кој ги исполнува критериумите да биде наследник на Чави. .
Првиот услов – сезоната на Барселона мора да биде добра. Тоа значи дека Чави ќе продолжи да инсистира на добар фудбал и да продолжи да го притиска Реал во Ла Лига и директните натпревари, а би му била потребна уште една голема победа во Лигата на шампионите.
Втор услов – Нема тој да контактира со клубот и да му каже дека се предомислил, клубот мора да биде тој што ќе му пријде и ќе се обиде да го убеди да се предомисли.
Трет услов – Чави сака гаранции за добар летен преоден рок. Минатото лето инсистираше на четворица играчи, а ниту една желба не му се исполни.