Македонската репрезентативка, Сара Ристовски и нејзината ЦСКА запишаа важна победа. На домашен терен тимот од Москва славеше убедлив триумф против Кубан Краснодар од 38-25. Ова беше меч кој Ристовска и нејзините соиграчки го решија уште во првото полувреме, кое го добија со 19-13.
Македонската репрезентативка постигна четири гола од исто толку обиди, а на теренот мина 22 минути.
По овој меч, ЦСКА се наоѓа на второто место на табелата со 47 бода и меч повеќе од лидерот Ростов со кого игра следното коло.