Јувентус ги одреди тројцата кандидатите за тренерската функција доколку Масимилијано Алегри замине, пренесува „Газета дело Спорт“. Според изданието, на листата се Тиаго Мота (Болоња), Винченцо Италијано (Фиорентина) и Рафаеле Паладино (Монца).
Иднината на Алегри во клубот ќе зависи од перформансите на тимот оваа сезона. Јуве моментално е трет во Серија А со 59 бодови. Сепак, тимот од Торино е во слаба форма и имаат само една победа од последните 8 натпревари.
Торинскиот „Тутоспорт“ тврди дека раководството на Јувентус нема намера да му врачи отказ на Алегри. За неговата иднина ќе се разговара по завршувањето на сезоната, со голема веројатност двете страни да се разделат.