Израелската одбојкарска федерација во Македонија ќе биде организатор на еден од турнирите во годинешното издание на одбојкарската Сребрена лига. Од Одбојкарската федерација на Македонија потврдија дека Израелците побарале од ОФМ асистенција во организација на турнирот чии домаќини се од 31 мај до 2 јуни.
„Поради ситуацијата во Израел и појасот Газа, Израел побара од нас помош за организација на турнирот од Сребрената лига во која тие играат ова лето. Начелно е договорено и тие ќе бидат домаќини на турнирот во Струмица во салата „Парк“ во периодот од 31 мај до 2 јуни. На тој турнир освен Израел ќе настапат и одбојкарските репрезентации на Австрија и Исланд“, велат од ОФМ.
Во Сребрената Лига на ЦЕВ оваа година освен овие три селекции кои ќе дојдат во Струмица настапува и селекцијата на Фарските Острови.