Легендарниот Шевченко доби македонски дрес од претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини! (ФОТО)

343

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини денеска му беше домаќин на славниот и легендарен Андри Шевченко. Украинецот е некогашен освојувач на “Златната топка“ а во Скопје дојде да го проследи мечот од елитните квалификации меѓу Македонија и Украина, кој заврши со победа на гостите од 0:2.

Инаку Сејдини му подари дрес на македонската репрезентација на својот гостин и притоа изјави:

Андриј е наш драг гостин. Заедно споделуваме искуства и на чести состаноци во УЕФА. Се заблагодари на гостопримството и на добрата организација на турнирот. Посакував престојот во Скопје да не мине резултатски позитивно за него, барем на првиот ден од натпреварите, но денешниот фудбал не простува грешки, а ние денеска наивно загубивме од Украина. Остануваме позитивни за преостанатите два меча од групата”, истакна Сејдини.

May be an image of 2 people, people playing soccer and text that says 'JAKO'

May be an image of 2 people

May be an image of 6 people

ПретходноОХРИД И ОВАА ГОДИНА ДОМАЌИН НА РАКОМЕТНИОТ КАМП „40х20“, БРОЈОТ НА УЧЕСНИЦИ ПОПОЛНЕТ ЗА РЕКОРДНО ВРЕМЕ
СледноПланиниќ од Пелистер е прогласен за МВП на 11.коло во АБА 2!