Германскиот селектор, Јулијан Нагелсман зборуваше за претстојниот пријателски меч против Франција. Нагелсман знае дека голема опасност за Германија доаѓа од Килијан Мбапе, големата ѕвезда на францускиот тим.
„На многу фудбалери им е тешко да играат против Мбапе, дури и да имаат 200 и повеќе натпревари во ЛШ. Тоа е така бидејќи Мбапе е за 2 километри на час побрз од другите. Меѓутоа ако најдам фудбалер кој е брз исто колку него тогаш ќе можам да го сопрам, па дури и тој фудбалер да игра во регионалната лига“, посочи Нагелсман.
Германија игра подготвителни натпревари бидејќи е домаќин на претстојното Европско првенство.