Планиниќ од Пелистер е прогласен за МВП на 11.коло во АБА 2!

74

Кошаркарот на Пелистер, Јуре Планиниќ завчера во меч од 11.коло во рамките на АБА 2 одигра одличен меч. Тој беше еден од најзаслужните, ако не и најзаслужен за победата над Борац Бања Лука.

Токму затоа и официјално тој е прогласен за МВП на 11.коло во АБА 2.

Планиниќ забележа 36 индексни поени, имаше 21 поени, потоа 15 скокови и пет асистенции.

Нема што одличен настап на кошаркарот на Пелистер, партија која му донесе заслужено да биде МВП на колото.

ПретходноЛегендарниот Шевченко доби македонски дрес од претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини! (ФОТО)
СледноФилип Милошевски дел од конференцијата на генерални секретари во Копенхаген!