„Фармацевтите“ едногласни: Чаби останува, има договор до 2026 година

102

Генералниот директор на Баер (Л) уште еднаш пред медиумите потенцираше дека не размислуваат за нов тренер, затоа што Чаби Алонсо нема да ја напушти функцијата на лето.

Во медиумите името на Шпанецот се споменува како голем кандидат за местото тренер во Баерн (М), а интерес за него има и од екипата на Ливерпул.

„Алонсо има договор до 2026 година и нема причина да се сомневаме дека ќе остане со нас. Во фудбалот никогаш не се знае, но јас сум полн со верба, имаме добри односи“, изјави Фернандо Каро.

ПретходноУ-19 елитни квалификации: Македонија сака, Македонија може…напред момци кон пласман на ЕП!
СледноХалеп се врати на терените, но загуби на првиот меч во Мајами