Романската тенисерка Симона Халеп го одигра својот прв натпревар по пауза од скоро една и пол година. Таа синоќа се појави во последната квалификациска рунда на Мастерсот во Мајами, откако последен пат настапи на Отвореното првенство на САД во 2022 година, по што следуваше суспензијата поради наводни допинг прекршувања.
Романката доби четиригодишна забрана за играње тенис, која неодамна беше укината. Во својот прв меч, Халеп беше поразена од Паола Бадоса во три сета (6:1, 4:6, 3:6) и доби голема поддршка на самиот терен.